“Spirit of Prespa” е фарма/овоштарник во срцето на Преспа која постои од 1960, и е отворена за посетители од 2018 година. Од пролет до доцна есен, стотици гости не посетуваат и имаат незаборавно искуство да бидат фармери на еден ден и/или пробаат традиционална Преспанска храна. Произведуваме мармалади, сокови, ракија и други традиционални производи користејќи локални суровини кои ние ги одгледуваме или други мали произведувачи од регионот. Тимот на “Спирит оф Преспа” е локална фамилија со пасија за земјоделие и промоција на Преспанскиот регион преку тоа што го знаеме најдобро.. Руралниот Агро-Туризам.