Граѓаните се здружени во Здружението ЖАР – Преспа заради остварување поширок заеднички интерес, поттикнување поголем граѓански активизам во областа на културата и организирање културно-рекреативни активности за децата и возрасните од Ресен-Преспа и околината. Мисијата (целта) на Здружението е подобрување на квалитетот на животот на луѓето преку организација и поттикнување на културно-рекреативни граѓански активности за децата и возрасните во Преспанскиот регион, Република Северна Македонија и пошироко.