Здружението Иднина на Традицијата има за цел лицата со попречености и ранливи категории (како и сите оние кои сакаат да соработуваат со нив) да ги вклучи како активни чинители во општеството преку изработка на рачни изработки. Нашата мисија е креирање на свесност дека лицата со телесна попреченост и сите лица од ранливи категории можат да бидат креативни и посветени работници и со ќе помогнат во зачувување на традицијата со што ќе се придонесува за Преспа како туристичко место.