loaderimg


Здружение за заштита на животна средина

ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економски развој на територијата на Република Македонија и пошироко, а во согласност со Уставот и Законот.

Со својата активност членовите на Здружението за заштита на животната средина ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПАтреба да дадат позитивен пример и насока во која треба да се движат сите граѓани, кога имаат за цел да остварат некое свое право или да побараат од локалната самоуправа остварување на нивните права, пред сѐ во областа на заштита на здравата животна средина и на унапредување на условите во кои живеат и работат.

 


Проекти

Prespa2Go

Проектот – „Prespa2Go“ е спроведен во рамките на Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан (ReLoAd), финансирана од Европска Унија (ЕУ), а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) 2020 година.

Со еко акции до подобар туризам

Проектот – „Со еко акции до подобар туризам“ е спроведен во рамките на Регионална Програма за Локална Демократија во Западен Балкан (ReLoAd), финансирана од Европска Унија (ЕУ), а спроведувана од Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP) 2020 година.

Имплементатори на проект - SEDRA

Имплементатори на проектот „Support to Economic Diversification of Rural Areas in Southeast Europe (SEDRA)“, финансиран од German Development Cooperation GIZ Office Macedonia.

Вклучување на средношколците од Преспа во практичен еко активизам

Иницијативата „Вклучување на средношколците од Преспа во практичен еко активизам“ ја спроведува ЕКО ГЕРИЛА Преспа, и се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Активноста е поддржана преку регрантирање на проектот „Локална акција за подобри политики за животната средина“ што го реализира Институтот за Kомуникациски Sтудии во партнерство со Македонско Еколошко Друштво.

Младински Преспа Хаб

Проектот – „Младински Преспа Хаб“ има за цел да придонесе за младите одржлив систем за градење вештини и компетенции прилагодени на потребите на пазарот на трудот со акцент на туризмот и културното наследство.

Empowering the People of Pelagonija

Продолжување на проектот – „Зајакнување на луѓето од Пелагонија“ кој има за цел да го зголеми учеството на младите луѓе од Пелагонија во граѓанскиот активизам, каде ЕКО ГЕРИЛА ПРЕСПА е партнер, и од овој проект ќе биде буџетиран и ко-финансиран од Општина Ресен, нов подпроект.