
Кукул фруит е фирма за трговија, транспорт и услуги која се занимава со откуп, транспорт и продажба на индустриско јаболко и други овошја и зеленчук. Раполагаме со откупен пункт на патот за село Горно Дупени со сопствена хала и разладни комори со високи стандарди. Имаме и сопствена механизација и машинерија за олеснет и брз утовар и растовар на роба. Располагаме со земјоделска аптека во центарот на градот, во која ќе најдете стручен кадар кој ќе ви помогне за обезбедување на највисока заштита на земјоделските производи. Исто така нудиме саден материјал, системи за наводнување, пелети и вештачки ѓубрива.