Општинската организација на Црвен крст на Ресен е организација која следејќи ги пред се основните принципи ги извршува во целост зацртаните програмски задачи. Исто така активно работи на полето на здравствена едукација, помош на ранливи групи, работа со млади, мобилизирање на нови волонтери, омасовување на членство, реализација на проекти наменети за различни целни групи, проекти за добробит на заедницата.